Вчера, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На седницата беше предложен и усвоен дневен ред со вкупно седум точки, меѓу кои и изборот на претседател на Советот.
Со едногласна поддршка од присутните членови, за претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион беше избран градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков.
Изборот на Нацков се смета за значаен чекор во насока на координирано планирање и спроведување на развојните политики во регионот, со цел унапредување на инфраструктурните, економските и социјалните процеси во општините што припаѓаат на Вардарскиот плански регион.

















