Полициски службеници од СВР Велес на 3 јануари 2026 година околу 10:20 часот го лишиле од слобода З.Т. (51) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кражба од викенд куќа во градот.
Според информациите од полицијата, осомничениот одзел паричник сопственост на З.К. (52) од Велес, во кој имало пари и лични документи. По преземените мерки, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
З.Т. е приведен во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





































