Кривична пријава за тројца осомничени за палење викенд куќа во велешко Капиново

Тројца мажи, двајца од Прилеп и еден од велешкото село Ореше, се соочуваат со кривична пријава за намерно палење викенд куќа во близина на селото Капиново, општина Чашка. Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против Ѓ.П. (56) од Ореше, С.М. (40) и Д.Д. (37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 10 мај, кога околу 10:35 часот во полицијата било пријавено дека избувнал пожар во викенд куќа сопственост на Д.Ј. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а за среќа, нема повредени лица. Според спроведената истрага, осомничените со патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки пристигнале во селото Капиново, насилно влегле во викенд куќата и предизвикале пожар користејќи запалива течност. Куќата била целосно зафатена од огнот.

Agria

Двајца од осомничените, Ѓ.П. и Д.Д., се лишени од слобода на 16 мај и задржани во полициска станица, додека С.М. се уште не е пронајден и се преземаат мерки за негово лоцирање.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: