Лажно се претставил како полициски инспектор, измамена велешанка за 10.000 евра

denari pari

Седумдесет и шестгодишна жена од Велес пријавила во полиција дека била измамена од засега непознато лице, кое ѝ одземало 10.000 евра под лажно претставување.

Како што информира Секторот за внатрешни работи Велес, случајот бил пријавен на вчера во 18:20 часот. Според пријавата, измамникот ѝсе јавил на фиксен телефон, претставувајќи се како полициски инспектор. Ја убедил дека нејзината ќерка и зетот наводно направиле сообраќајна несреќа во која било прегазено дете, и дека треба итно да плати пари за случајот да не биде пријавен во полиција.

Agria

Исплашена од информацијата, жената се согласила на барањето и, како што изјавила, ги однела парите на однапред договорена локација. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.

Случајот е пријавен во полиција, а надлежните органи преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви обиди за измама, особено кога се работи за големи парични суми и телефонски повици од непознати лица кои се претставуваат како службени лица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: