Велешката полиција го лиши од слобода 23-годишен велешанец откако, според пријава и видео објавено на фан страната на Батали.нет, управувал мотоцикл без регистарски таблички на игралиште во Велес.
Од СВР Велес информираат дека С.Ќ. (23) бил приведен денеска во 00:40 часот на улицата „Хаџи Косте“, по преземени оперативни мерки за расчистување на случајот.
При проверките било утврдено дека мотоциклот што го управувал немал регистарски ознаки, а дополнително било констатирано дека возачот управувал иако сè уште не се стекнал со право на управување со моторно возило.
За случајот бил известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен.
По целосното документирање на настанот, против 23-годишниот велешанец ќе бидат поднесени соодветни пријави.






















