Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес, на 5 септември во 17:45 часот, го лишиле од слобода А.О. (43) од село Долно Коњаре, скопско, поради сомнение за користење невалидни документи и прекршување на прописи за транспорт.
Имено, при рутинска контрола спроведена од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, бил сопрен влекач марка „МАН“ со приклучно возило „Шварцмилер“, со скопски регистарски таблички, управуван од А.О. При проверката, тој им приложил невалидна полиса за осигурување за приклучното возило, како и невалидна испратница за стоката што ја превезувал.
По консултација со надлежен јавен обвинител, возилото било однесено на вага на терминал, каде било утврдено дека има претовар. Надлежните органи ги одзеле возилото, приклучното возило и спорната документација. Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.