Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со богата програма го одбележа 4 февруари -151 година од раѓањето на својот патрон, македонскиот револуционер и стратег Гоце Делчев. Во рамки на програмата беа доделени традиционалните пофалници за најчитатели на библиотеката за 2024 година.
Наjмлад читател за 2024 година е Чедомир Костадиновски, највозрасен читател е Марија Питиќова. Најчитател од Оделот за возрасни за 2024 година е Билјана Стојановска. Најчитател во категорија од основно образование е Ана Митровска, најчитател во категорија од средно образование е Василка Карталова, најчитател во категорија студент е Андријана Јакимова додека најчиател во категорија пензионер е Светлана Есенчева. Најчитател од Одделот за деца од организациската единица во Градско e Глорија Сандев, најчитател од Одделот за возрасни од организациската единица во Градско e Жаклина Маркова.
Секоја година Библиотеката добива донации на книги од нашите сограѓани со коишто се збогатува библиотечниот фонд. Оваа година Библиотеката и даде Благодарница на Цветанка Ѓакова Панова за нејзината донација.
На оваа свеченост беа доделени и дипломите на наградените од литературниот конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, на тема: „Моќта на книгата“.