Двајца 15-годишни малолетници се повикани на службен разговор во СВР Велес во врска со оштетувањето на опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес.
Откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледаат две лица како оштетуваат опрема во училишниот двор, а претходно било пријавено и оштетување на спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште, полицијата презела мерки за пронаоѓање на сторителите.
На 18 и 19 август, полициски службеници од СВР Велес извршиле службени разговори со двајцата малолетници. Разговорите биле спроведени во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес.
Од СВР Велес информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






















