Метален профил усмрти 23-годишник од Велес на градилиште во Петровец

stop policija

Дваесет и тригодишен работник од Велес го загуби животот вчера попладне на градилиште во индустриската зона во општина Петровец, откако врз него паднал метален профил додека извршувал работни задачи на објект во изградба на фабрика.

Трагичниот настан, како што информираат од полицијата, бил пријавен на 19 февруари околу 15 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила во момент кога Е.А. (23) бил ангажиран на работни активности на градилиштето, при што од висина паднал метален профил и му нанел тешки повреди.

Agria

Од СВР Скопје соопштуваат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

За случајот е известен и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Надлежните институции ги утврдуваат сите околности и евентуалната одговорност поврзана со несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: