Мицкоски ќе отвора улици и ќе означи почеток на реконструкција, Мисајловски во касарната во Велес

Marko Kolev i Hristijan Mickoski

Дел од државниот врв денеска ќе престојува во Велес, каде се најавени повеќе работни активности поврзани со инфраструктурни проекти и одбраната.

Zito baner

Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе ја посети Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“. За време на посетата, тој ќе изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат во рамки на касарната.

Agria

Во исто време, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе престојува во работна посета на Општина Велес. Премиерот ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на патниот правец Челошево – Дорутовец, проект што треба да ја подобри патната инфраструктура во овој дел од општината.

Во рамки на посетата, Мицкоски ќе присуствува и на пуштањето во употреба на реконструираните улици „11 Октомври“ и „Васил Главинов“, кои по завршените градежни работи повторно ќе бидат ставени во функција за граѓаните.

Со денешните активности, Велес ќе биде домаќин на повеќе владини претставници, а во фокусот на посетите се инвестициите во локалната инфраструктура и модернизацијата на армиските капацитети.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: