Мотоциклист од Градско фатен како вози без возачка дозвола, полицијата му го одзеде мотоциклот

Policija oznaka

Дваесет и едногодишен жител на Градско бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал мотоцикл без да има стекнато право на управување. Настанот се случил на 20 јуни околу 22:20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Градско, каде полициски службеници од Полициската канцеларија Градско извршиле сообраќајна контрола и сопреле мотоцикл со прилепски регистарски ознаки.

Zito baner

При проверките било констатирано дека возачот, А.Д. (21) од Градско, го управувал мотоциклот без да поседува возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување моторно возило. По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а мотоциклот бил одземен.

Agria

„На 20.06.2026 година во 22:20 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишија од слобода А.Д. (21) од Градско. При сообраќајна контрола на улицата „Александар Македонски“ беше сопрен мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, при што беше утврдено дека возачот управувал возило пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител, лицето беше приведено во полициска станица, а мотоциклот беше одземен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

По документирањето на настанот, против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: