Велешката полиција приведе тројца млади велешани кои физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи.
„На 11.12.2024 во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18), Р.Б.(23) и Ф.В.(27), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, по што фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило“, стои во соопштението на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.