Четири случаи на физички напади се регистрирани во Велес во изминатото деноноќие, а во еден од нив бил употребен и дрвен предмет. Полицијата постапувала и по пријава за семејно насилство, при што еден од осомничените бил под дејство на алкохол.
Нападнат на улицата „Богдан Каракостев“
34-годишен велешанец пријавил дека на улицата „Богдан Каракостев“ во Велес бил физички нападнат од две лица, на возраст од 46 и 40 години, двајцата од Велес. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.
Татко и брат нападнале жена и нејзиниот сопруг
45-годишна жена од село во велешко пријавила дека во својот дом, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко и брат. При нападот бил употребен и дрвен предмет, кој полицијата го пронашла и одзела. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира полицијата.
Ja нападнал сопругата по расправија, имал 1,26 промили
Во раните утрински часови во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот А.П. од Велес, по претходна пријава дека по кратка расправија физички ја нападнал својата 32-годишна невенчана сопруга.
По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а бил известен и јавен обвинител. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Уште еден физички напад во Велес
31-годишен жител на село Иванковци, велешко, пријавил дека во Велес бил физички нападнат од М.П. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот, информира полицијата.






















