30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Негователка од велешка градинка доби условна осуда оти им давала на деца во градинка да пробаат електронска цигара

Veleska gradinka elektronska cigara

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка –  Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

Agria

Случката беше обелоднета во јавноста на 3 октомври 2023 година, кога родители на неколку деца од градинката „Димче Мирчев“ од Велес тврдеа дека негувателка во клонот Дворови им понудила на децата да пробаат од нејзината електронска цигара, а децата од љубопитност пробале од цигарата. Тие тврдеа дека настанот се случил на 29 септември, кога негувателката останала сама со групата деца во занимална. Негувателката веднаш беше суспендирана од работното место и раководството на градинката поведе дисциплинска постапка против неа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: