Рутинска сообраќајна контрола во близина на селото Сливник заврши со приведување на 23-годишен жител на Горно Јаболчиште, откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без да има возачка дозвола.
„На 07.06.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Б.(23) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола на место викано крстосница село Сливник, велешко, било сопрено патничко возило ‘сеат’ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Б. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување“, информираа од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било одземено.





















