Полициски службеници од СВР Велес ноќеска лишија од слобода 50-годишен велешанец, откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Инцидентот се случил на 14 јануари 2026 година, во 00:52 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, кога при редовна контрола во патниот сообраќај било сопрано патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, управувано од В.О. (50).
По преземените мерки и алкотестирање, било утврдено дека возачот имал 1,80 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат од полицијата. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.





































