Инспирирани од карактерот на минатото. Создадени за погледот на денешницата.
Самото име MONOCLE е инспирирано од моноклот, препознатливото оптичко помагало кое низ историјата станало симбол на индивидуалност, карактер, префинетост и личен стил. Од таа инспирација се роди потребата за создавање на современа очна оптика со сопствен карактер.
Затоа уште од самиот почеток идејата беше да создадеме простор кој ќе биде поинаков. Простран и пријатен салон. Модерен, но ненаметлив. Елегантен, но достапен. Но зад естетиката стои нешто многу посуштинско. Kомплетен оптички процес на едно место.

Оптиката е организирана како една целина со посебен оптометриски кабинет, сопствена работилница и современа опрема. Од проверката на видната острина, изборот на рамка и оптички леќи, до нивната прецизна монтажа и создавање на индивидуално очно помагало. Сето тоа со една цел, да ви понудиме подобра услуга и подобар производ.
Зад MONOCLE стои дипломираниот оптометрист Марио Петров со цела деценија искуство во оптометријата и очната оптика, со јасна професионална определбa. Да се создаде соодветно индивидуално очно помагало, прилагодено на реалните потреби на клиентот.

Нашата работа е да ги разбереме вашите потреби, да ве советуваме и да го пронајдеме најсоодветното решение.
И затоа имаме еден принцип од кој не отстапуваме: Не продаваме по секоја цена! Веруваме дека добро направеното очно помагало не е нужно најскапото.
Целиот процес започнува со разговор во кој сакаме да ги разбереме вашите потреби, намената на очилата, вашите навики, желби и очекувања. Тоа ни помага правилно да го насочиме изборот и заедно со Вас да дојдеме до соодветно очно помагало. Потоа следуваат проверката на видната острина, изборот на рамка и оптички леќи, нивната прецизна монтажа и изработката на очилата.
А продажбата? Продажбата доаѓа на крај. Како природен плод на целиот процес. Тоа е она што е правилно за Вас.
Затоа внимателно ги избираме производите што ги продаваме и соработуваме со реномирани интернационални брендови во индустријата со докажан квалитет.

Постојано се надоградуваме со знаење, нови технологии, опрема и производи. Не затоа што сакаме да бидеме поголеми, туку затоа што
сакаме да бидеме подобри. Подобра услуга, попрецизна изработка, подобро индивидуално решение и подобро искуство за секој човек кој ќе влезе низ нашата врата.
MONOCLE е создаден со едноставна идеја: да не ви понудиме само очила, туку да ви помогнеме да го пронајдете вистинското очно помагало за вас.
А довербата не се купува. Таа се гради.
Се наоѓа на: Ул. Благој Ѓорев бр. 63, Велес (во редицата на кафилињата)
Ве очекува!
ПР текст