Општина Велес набави и постави нови семафори, откако долго време се соочуваше со проблеми поради старите и дотраени уреди.
Градоначалникот Марко Колев на социјалните мрежи соопшти дека после 25 години од нивното поставување, со пренамена на средства во општинскиот буџет, конечно се набавиле и инсталирале нови семафори во градот.
Со оваа инвестиција, како што посочи Колев, се надминати сите досегашни технички проблеми поради застарената технологија, а истовремено се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Долг временски период семафорите беа нефункционални, што предизвикуваше револт кај возачите и отежнување на сообраќајот во градот.
Новите семафори се веќе во функција, а се очекува да придонесат за подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот во Велес.