Полициски службеници од СВР Велес ноќеска го привеле 18-годишниот И.Д. од Велес, откако на улицата „Андон Шурков“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување.
Според информациите од полицијата, И.Д. не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници кои преземале службени дејствија.
При извршените проверки било утврдено дека 18-годишникот бил под дејство на алкохол. Со мерење му биле констатирани 0,89 промили алкохол во крвта.
И.Д. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






















