Велешанец на возраст од 49 години бил приведен откако во здравствена установа во градот го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал непристојно, при што не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници кои интервенирале на местото.
Според информациите, инцидентот се случил на 5 јуни околу 16:15 часот, а по преземените мерки било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол.
„На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Велес.
По целосното расчистување на случајот, против 49-годишниот велешанец ќе следува соодветна пријава.





















