Пијан велешанец удрил во бетонски столб од мост

Soobrakajka

Пијан велешанец пред два дена удрил во бетонски столб од мост, соопшти МВР.

„На 16.01.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес-село Извор, поточно на мостот на река Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот“, информираа од МВР.

Agria

При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: