Шеесет и тригодишен велешанец попладнето на Бадник заврши во полициска станица, откако со речиси три промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода во Велес. Случајот се случил вчера, 06 јануари, околу 11:45 часот на улицата „Архиепископ Михаил“, кога А.К. (63) со автомобил „пежо“ со велешки таблички удрил во „бмв“ со хрватски регистарски ознаки. „БМВ-то“ го управувал С.Г. (39), исто така од Велес.
Полицијата реагирала на пријавата и при увидот во незгодата било утврдено нешто што станува сè почеста слика на велешките улици – возач зад волан со висока концентрација на алкохол. Кај А.К. биле измерени 2,90 промили, што е ниво опасно не само за други учесници во сообраќајот, туку и за неговиот сопствен живот.
Пијаниот возач бил приведен и задржан во полициската станица. По насоки од јавниот обвинител, случајот се документира, а против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ (член 297-а).





































