Почесното Рациново признание за полскиот македонист Маќеј Кафка

Полскиот лингвист, славист и македонист проф. д-р хаб. Маќеј Кафка е добитник на Почесното Рациново признание за 2026 година, одлучи Организацискиот одбор на 63. Рацинови средби. Признанието му се доделува за неговиот повеќедецениски придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик и за унапредувањето на полско-македонските научни врски.

Zito baner

Одлуката ја донесе Организацискиот одбор на годинашните Рацинови средби, во состав: градоначалникот на Велес, Марко Колев, како претседател на одборот, проф. д-р Весна Чипишевска Мојсова, проф. д-р Кристина Николовска, Менка Андреева и Снежана Бошевска.

Agria

Почесното Рациново признание му се доделува на Кафка за неговиот 50-годишен научен и истражувачки ангажман посветен на македонскиот јазик, литература и култура. Тој е автор на бројни научни трудови и публикации преку кои значително придонел за афирмацијата на македонистиката во Полска и пошироко.

Годинашното чествување на Рациновите средби започна на 31 мај со традиционалната атлетска трка во чест на Коста Солев Рацин и ќе трае до 16 јуни. Во рамки на програмата, на повеќе локации низ Велес ќе се одржат бројни културни, спортски и уметнички настани, реализирани во соработка со институции, здруженија на граѓани и поединци.

Шеесет и третото издание на Рациновите средби и годинава ќе го потврди значењето на најстарата културна манифестација во земјата, посветена на ликот и делото на великанот Коста Солев Рацин.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: