Почна новата учебна година, во клупите во Велес и велешко седнаа 6165 ученици

Новата учебна година денеска започна за околу 6165 ученици во основните и средните училишта во Велес и велешко. Од нив, 4.095 се основци, додека  2.070 средношколци а за првпат во училишните клупи седнаа 376 првачиња.. Наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе ја завршат учебната година на 17 мај.

Zito baner

Според Министерството за образование и наука, обезбедени се учебници за сите ученици, а годинава се набавени 622.000 примероци. Целосно нови учебници се обезбедени за прво, второ и трето одделение, како и за осмо одделение и втор клас во гимназиското образование, каде што ќе се учи според нови наставни програми.

Agria

Министерката Весна Јаневска информираше дека годинава ќе има 433 паралелки помалку – 222 помалку во основното образование и 211 во средното поради припојување на паралеки со по неколку ученици односно реорганизирање на наставата. Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта, а вкупно 148 се празни училишни објекти во државава, претежно во руралните средини.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: