
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Димитриеска-Кочоска: Трезорот работи, буџетот е во одлична кондиција
- Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
- (Видео) Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ
- (ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите
- Борец Баскет ја забележа шестата победа по ред – падна и лидерот Струмица ФМП
















