Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле 48-годишниот С.К. од велешкото село Горно Оризари, кој бил баран за издржување затворска казна. Како што информираат од СВР Велес, приведувањето било извршено на 22 мај околу 12:30 часот, врз основа на судска наредба.
„На 22.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.К.(48) од с.Горно Оризари, велешко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор од десет месеци за сторено кривично дело ‘напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста’ по член 383 од Кривичниот законик“, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на затворската казна.





















