Полицијата со истрел спречи напад на малолетничка во Велес

Policija Veles avtomobil

Како на филм полицијата во Велес решавала случај во кој била нападната 25-годишна девојка. Напаѓачот бил агресивен, а и по неколку испукани куршуми од страна на полицијата, успеал да избега. По него се трага.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера, (13.06.2025 година) околу 18.00 часот во Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте” во Велес. Татко овСВР Велес пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет. Откако на местото на на настанот дошла 27-годишна сопруга на напаѓачот, тој и кон неа упатил закани.

Agria

„Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи  остри предмети,  му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата,  продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет“, соопшти МВР.

Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по напаѓачот интензивно се трага.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: