30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Полицијата трага по жена од село Бистрица чија што ќуќа е целосно изгорена

Pozar na stan

Полицијата трага по 82-годишна жена од село Бистрица чија што ќуќа пред шест дена целосно изгорела. Според очевидци, жената била забележана во куќата дента кога се случил пожарот, но и по неколкудневно темелно пребарување, нејзиното тело не било пронајдено во опожарената куќа.

Zito akcija 640x289px

„На 05.02.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 22.20 часот во село Бистрица, општина Чашка, настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(82), која била целосно опожарена. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а по кажување на очевидците, сопственичката М.А. последен пат во куќата била видена истиот ден“, информираа од СВР Велес.

Agria

На местото излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, по што полициски службеници и екипа на Јавно комунално претпријатие „Тополка“ на општина Чашка неколку денови вршеле и пребарување во куќата, но не било пронајдено човечко тело. Поради тоа, на 10.02.2025 во 14.00 часот во СВР Велес, нејзиниот внук О.М.(53) од Велес ја пријавил како исчезната. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: