Полицијата во Велес уапси лице за обид за кражба во дом на 73-годишен граѓанин

policija lisici

Вчера, околу 13:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишиле од слобода 43-годишниот А.В. од Велес, осомничен за обид за тешка кражба.

Според информациите од полицијата, А.В. бил затекнат во домот на 73-годишниот З.П. од Велес, каде влегол насилно, со употреба на физичка сила, со намера да изврши кражба. Навремена интервенција на полициските службеници спречила понатамошни последици.

Agria

За случајот е известен јавен обвинител, а на местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. А.В. е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: