Во ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, во периодот од 23:00 до 01:00 часот, полициски службеници од СВР Велес спровеле акциска контрола во три угостителски објекти во Велес, насочена кон откривање присуство на малолетници по полноќ и точење алкохол на лица под 18 години.
При контролата, во еден од објектите биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол. Дополнително, на уште пет малолетници им било овозможено да престојуваат во угостителскиот објект по 24:00 часот, спротивно на законските прописи.
Со вработена во објектот бил извршен службен разговор, а затекнатите малолетници биле предадени на нивните родители. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против одговорните лица.

















