30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Постапка за семејно насилство во Велес

semejno nasilstvo

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка.

Zito akcija 640x289px

Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот. Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука.

Agria

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските услови и поднесе предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: