Пожар кај Горно и Долно Чичево, пренасочени се ер-тракторите од Китка, помага и полициски хеликоптер

Пожар избил денеска на територијата на Општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, а поради брзото ширење на огнот биле пренасочени и ер-тракторите кои интервенирале на пожарот на планината Китка, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Zito baner

„Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина загрозувајќи ги двете села. ​Ми се јави итно градоначалникот на општина Градско, бараше итна помош, рече Ангелов.

Agria

Во гаснењето се вклучиле и жители од околните населени места, кои со трактори помогнале во изработката на противпожарни пресеки за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: