Пожар во село Бузалково, брза интервенција на велешките пожарникари спречи поголема штета

Buzalkovo selo

Вчера во село Бузалково избувнал пожар во еден објект, кој според првичните информации, предизвикал материјална штета. Територијалната Противпожарна Единица – Велес веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители.

По пристигнувањето, пожарот веќе бил во развиена фаза, што ја отежнало интервенцијата. Поради интензитетот на огнот, побарана е дополнителна логистичка поддршка – дотур на вода и засилување со уште двајца пожарникари.

Agria

Благодарение на навремената и професионална интервенција, спречено е ширење на пожарот кон соседните објекти, со што е избегната поголема материјална штета и потенцијална опасност по животната средина и населението.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: