Во текот на ноќта, околу 2 часот по полноќ, е пријавен пожар на сува трева покрај пругата во селото Теово.
На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Велес со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. Поради сериозноста на пожарот, кој бил регистриран на две места во селото, била побарана дополнителна помош.
Во гаснењето се вклучиле уште две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители, како и цистерна од комуналното претпријатие на Општина Чашка.
Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и помошта од мештаните, пожарот бил изгаснат, со што било спречено негово понатамошно ширење.






















