Пожарот е во „BioCosmos“, „Mirana“ не е зафатена, велат од компанијата

Дел од производствениот капацитет на компанијата „BioCosmos“ бил зафатен од пожар кој избувна вчера како резултат на удар од гром, соопштија официјално од компанијата. Според информациите, пожарот е под контрола, нема повредени лица, но дел од просториите се оштетени и ќе бидат привремено исклучени од употреба.

„Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално. Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“ стои во официјалното соопштение на компанијата Мирана.
Од компанијата апелираат до јавноста да се воздржи од шпекулации и дезинформации, потенцирајќи дека сите точни и навремени информации ќе бидат објавувани исклучиво преку официјалните комуникациски канали на BioCosmos.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: