Пожарот кај Долно и Горно Чичево по 13 часа ставен под целосна контрола

По околу 13 часа интервенција, доцна синоќа е локализиран и ставен под целосна контрола пожарот што вчера наутро избувна во близина на селата Долно Чичево и Горно Чичево, во Општина Градско.

Zito baner

Во гаснењето на пожарот беа ангажирани пожарникари од Велес, Кавадарци и Неготино, пет доброволци од Неготино ангажирани преку Дирекцијата за заштита и спасување, како и четири огнени тимови на ДЗС со четири пинцгауери.

Agria

На почетокот во гаснењето беа вклучени и трите „ертрактори“ на ДЗС, а подоцна во интервенцијата се приклучи и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Командирот на Територијалната противпожарна единица Велес, Димче Јованов, најави дека утрово екипите повторно ќе го контролираат теренот за да се утврди дека нема преостанати жаришта.

„Освен огнот за нас, веќе немаме жив оган на овој голем пожар. Да се надеваме дека пожарот е локализиран и ликвидиран. Пожарот гореше високо по ридиштата на тешко пристапен терен. Но, благодарение на помошта на ТП Неготино, Кавадарци, доброволното друштво Неготино и МВР, пожарот е целосно ликвидиран“, рече Јованов.

Од надлежните служби останува да се изврши дополнителна контрола на местото, особено поради тешко пристапниот и ридест терен каде што гореше пожарот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: