
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- ИЈЗ: Расте бројот на заболени од грип, засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст
- Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
- Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
- Муцунски: Тука не влегуваат визите за студенти, бизнис и туристички визи
- Цените на златото и среброто се искачија на рекордни нивоа





































