Велешката полиција откри марихуана, дигитална вага и пари при претрес извршен во дом на 21-годишен велешанец.
Претресот бил спроведен на 6 ноември околу 20:20 часот, по судска наредба, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес.
Лицето А.Т. (21) било приведено и задржано во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик.


















