Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата.
Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.
Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе обиколи дел од капацитетите на Командата за обука и доктрини (КОД) распоредени во касарната и ќе ги посети новопримените професионални војници, кои ја реализираат основната воена обука во оваа команда, по што ќе присуствува на заедничкиот ручек.





































