Приведен 21-годишник: Без согласност ја внел поранешната 17-годишна девојка во автомобил

Полициски службеници од СВР Велес во текот на ноќта го привеле 21-годишниот Б.О., по пријава дека против нејзина волја ја внел својата поранешна 17-годишна девојка во автомобил.

Zito baner

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен откако очевидци го забележале настанот. Возилото „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки набрзо било запрено од полициски службеници, по што Б.О. бил лишен од слобода и однесен во полициска станица.

Agria

„Според пријавеното на очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полициски службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица“, се вели во полицискиот билтен.

Настанот се случил на 26 август околу 1 часот по полноќ во Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот против 21-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: