Приведен 26-годишен маж од Радовиш осомничен за низа кражби во Велес

lisici

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера во 16:30 часот го привеле 26-годишниот А.А. од Радовиш, кој се сомничи за извршување на неколку кражби во текот на денот на територијата на Велес.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, А.А. е осомничен дека од домот на 70-годишната С.С. одзел два мобилни телефони, а од домот на 81-годишната П.С. одзел еден мобилен телефон. Исто така, од 68-годишниот Љ.Љ., додека се наоѓал во бифе, украл паричник со пари, а на 46-годишната Н.К., додека била на своето работно место во продавница, ѝ одзел паричници со пари.

Agria

При апсењето, кај А.А. биле пронајдени и одземени мобилните телефони, дел од парите, како и еден од украдените паричници, кои подоцна се вратени на сопствениците. Дополнително, при прегледот биле пронајдени кафеава прашкаста и зелена растителна материја, за кои постои сомневање дека се дрога.

Во службен разговор, А.А. признал дека купил поголема количина наркотични средства, од кои дел ѝ дал на уште две лица. Со тоа се сомничи дека сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик – „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: