Приведен 26-годишник по пријава дека допирал 24-годишна велешанка

Полицијата синоќа го лишила од слобода 26-годишниот С.Р. од село Дреново, Кавадаречко, во врска со пријавен настан од 16 септември во Велес. Според информациите од СВР Велес, 24-годишна велешанка пријавила дека на улицата „Бошко Златанов“ едно машко лице ја допирало по телото.

Zito baner

С.Р. бил приведен на 18 септември во 22.15 часот од полициски службеници од СВР Велес. По наредба од Основниот суд во Велес бил извршен претрес во домот во кој престојувал, при што биле пронајдени и одземени различни предмети.

Agria

Тој бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: