Приведен велешанец по напад во здравствена установа, вработена заклучена и нападната

На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле 31-годишниот М.П. од Велес, по пријава за насилен инцидент што се случил во една од здравствените установи во градот.

Според информациите од полицијата, 55-годишна вработена во установата пријавила дека осомничениот ја заклучил во просторија на нејзиното работно место, потоа почнал да крши предмети, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. Дополнително, ја испрскал во лицето со средство за чистење, нанесувајќи ѝ болки и повреди во пределот на очите.

Agria

Инцидентот предизвикал вознемиреност меѓу присутните во установата, а полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот. Тој е задржан во полициската станица во Велес, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: