На регионалниот пат Чашка–Мелница вчера бил приведен 42-годишен жител на селото Мелница, откако полицијата утврдила дека управувал возило без да има стекнато право на управување.
Од СВР Велес информираат дека на 1 јуни околу 14:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка при сообраќајна контрола сопреле патничко возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Џ.Н. (42) од село Мелница.
„По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека лицето го управувало возилото пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено“, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















