Приведен жител на Бањица поради незаконска сеча и транспорт на огревно дрво

Traktor so drva

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во соработка со Шумската полиција, вечерва околу 19:50 часот го лишија од слобода Џ.Е. (54) од село Бањица, општина Чашка, поради сомнение за незаконска сеча и транспорт на огревно дрво.

При редовна контрола на терен, во атарот на селото Бањица бил сопрен трактор без регистарски ознаки, управуван од Џ.Е. При прегледот било утврдено дека во тракторот се наоѓале 2,80 метри кубни дабови огревни дрва без соодветна документација и без испратница. Покрај дрвата, била пронајдена и една моторна пила.

Agria

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против Џ.Е. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полицијата најавува засилени контроли на подрачјето во насока на сузбивање на нелегалната сеча и транспорт на дрвна маса.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: