Приведени две лица по агресивно однесување кон вработена во велешката болница

veles bolnica

Полициски службеници од СВР Велес синоќа, на 16 јули околу 22:45 часот, привеле две лица од селото Бузалково поради агресивно однесување во Општата болница во Велес.

Приведените се И.А. (48) и Б.А. (27), двајцата жители на велешкото село Бузалково, кои, според информациите од СВР Велес, се однесувале агресивно кон вработената во болницата, М.Ќ. (39) од Велес. Едниот од нив се обидел и физички да ја нападне.

Agria

Настанот бил веднаш пријавен, по што интервенирала полицијата и ги привела двете лица. Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на случајот, против И.А. и Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мотивите за ваквото однесување засега не се соопштени, а истрагата продолжува.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: