Приведени тројца осуденици во Велес, двајца за тешка кражба, еден за измама

Тројца осуденици кои биле барани со потерници за издржување затворски казни се приведени вчера во Велес во координирана полициска акција на СВР Велес, информираше Министерството за внатрешни работи.

Првиот приведен е М.Т. (44) од Велес, кој бил лишен од слобода во 21:00 часот. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување двегодишна затворска казна поради сторено кривично дело „измама“, согласно член 247 од Кривичниот законик.

Agria

Претходно истата вечер, во 19:40 часот, бил приведен и Н.Д. (33), исто така од Велес, кој исто така имал активна потерница. Тој е осуден на две години затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик.

Третиот приведен, Ш.Р. (39) од Велес, бил фатен во 16:15 часот, исто така по судска наредба за издржување казна затвор за „тешка кражба“. Сите тројца се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде ќе ја издржуваат изречената казна затвор.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: