Признанија за просветни работници и талентирани ученици во Велес по повод 24 Мај

Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Општина Велес ја продолжува традицијата на оддавање признание на најуспешните просветни работници и најталентираните ученици од основното и средното образование во градот.

Zito baner

Годинава, признанието за најдобар просветен работник во одделенска настава го доби Андријана Јорданова, додека за најдобар наставник во предметна настава е избрана Бојанка Џипунова-Ташова. Во категоријата средно образование, наградата ѝ припадна на Елизабета Николовска.

Agria

Општината ги награди и најталентираните ученици, а признанијата годинава ги добија Марија Талевски од основното и Лука Коциќ од средното образование.

Со оваа традиционална манифестација, Општина Велес уште еднаш ја истакнува важноста на образованието, посветеноста на наставниот кадар и успехот на младите таленти кои се гордост на градот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: