Промоција на дебитантскиот роман „Осуден“ на велешката млада авторка Драгана Андреевска

Во пријатна и инспиративна атмосфера, воЛокалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес беше промовиран дебитантскиот роман „Осуден“ од младата велешка авторка Драгана Андреевска, во издание на Издавачка куќа „Збор“. Станува збор за дело кое уште со самото појавување го привлече вниманието на љубителите на современата македонска книжевност, отворајќи прашања што ретко кој се осмелува да ги постави гласно.

За романот говореа Емилија Златкова – Анастасова и актерот Филип Христовски, кој „Осуден“ го опиша како моќна психолошка приказна што длабоко навлегува во темите на вината, верата и човечката несовршеност. Според него, авторката храбро ја отвора внатрешната борба на современиот човек, ставајќи го читателот лице в лице со сопствените стравови.

Agria

Со својот зрел стил и длабока психолошка анализа, Андреевска покажува дека македонската книжевна сцена добива нов, свеж и автентичен глас. Промоцијата заврши со аплаузи и разговори со публиката, а интересот за романот беше повеќе од очигледен – знак дека „Осуден“ допрва ќе го живее својот книжевен пат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: