Промовирана стихозбирката “Бесконечно: Анатомија на страста” од Десанка Николова

Desanka Nikolova

Пред многубројните присутни во Локалната библиотека „Гоце Делчев„ беше промовирана најновата збирка со стихови исполнети со искрени чувства и голема љубов од авторката Десанка Николова.

Промоцијата ја отвори Директорката Снежана Бошевска искажувајќи задоволство што полиците на Библиотеката ќе бидат побогати за уште едно значајно роднокрајно дело.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Збор“ се обрати со осврт кон творештвото на авторката. За содржината на поезијата говореше професорката Анита Станинова Мирчева а децата од МДПС„Премиера“ со убав перформанс го доловија вистинското значење на стиховите. Беа придружувани од професорот Илија Настовски со соодветна музичка позадина.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: